Најдобро Месо На Скара – Одобрено од Бигфут

Слични постови

Во еден мирен летен ден на Галичица, кога сонцето нежно ги загреваше тревите, Бигфут реши да си ја исполни својата најголема слабост – добрата скара. 

Седна покрај една чистинка, собра суви гранки и запали оган. Чадот полека се издигаше кон небото, а тој си рече:
„Денес ќе пробам што е највкусно што шумата може да понуди.“

1. Дивата свиња – класика на шумата

Првото месо што го стави на жар беше од дива свиња. Печеше полека, вртејќи го парчето на секои неколку минути, за да ја впие топлината рамномерно. Мирисот беше толку богат и силен што дури и птиците застанаа на гранките да гледаат. 

Кога го проба првото залче, се насмевна широко при што почна и да зборува со рими од среќа:
„Ова е вистински класичен вкус на планината – прсти да излижеш во денешнината“

2. Јагнешко – кралот на трпезата

Следно на ред беше јагнешкото. Го зачини со свежо нане и гранче рузмарин, па го стави над жарот. Месото се крцкаше, а соковите се спојуваа со пријатна арома. Кога одгриза прво парче, затвори очи и воздивна:
„Ова месо е крал на скара – нема тука што да се преговара.“

3. Зајачко месо – нежна радост

На третото место го проба зајачкото месо. Знаеше дека е посуво, па го маринираше однапред со масло, сол и малку мајчина душица. Кога го стави на жар, мирисот беше нежен, а вкусот деликатен, со лесна сладост. По неколку залчиња, Бигфут кимна задоволно:

„Ова е нежно месо што не прави бука, а да го спремаш вкусно не е некоја наука.“

4. Планинска пастрмка – лесна нота на свежина

Четвртото јадење беше планинска пастрмка. Ја завитка во листови од бука и ја стави покрај жарот да се пече во сопствениот сок. Кога ја отвори, мирисот на лимон и лук што ги додаде се спои со аромата на свежа река. 

По првиот залак, рече:
„Ова е вкусно и лесно за сите гости, особено за време на пости.“

Финалниот заклучок

Кога ги проба сите четири јадења, Бигфут седна задоволен покрај огнот. Стомакот му беше исполнет, а душата како да не му беше целосно среќна. Но, во еден миг си помисли:

Оваа гозба е премногу добра да ја чувам само за себе.

Затоа гласно го викна својот стар пријател Балканскиот Рис Борис:

Борисеее, ајде овде доаѓај, имам скара!

И недалеку, Балканскиот рис Борис се појави со насмевка, подготвен за дегустација.

Бигфут заклучи, најубавиот вкус не е само во месото, туку во дружбата – храната е најслатка кога ја делиш со пријател.

Повеќе од оваа категорија

Advertismentspot_img

Популарни постови