Под сенките на високите буки на Галичица, Бигфут почувствува дека му е потребен краток одмор.
Во потрага по мирно место за одмор тој доаѓа до една пештера полна со топли извори, скриена од очите на сите. Пред него се отвора глетка како од бајките – природно базенче од кристална вода што вриеше од подземје, опкружено со висечки облици (сталактити) од кои капе млака пареа. „Ова ќе биде мајата тајна СПА“, помисли тој.
Веднаш се фрли во топлата бања и се препушти на релаксирачката вода, овозможувајќи заморот да испари.
Водата за брзо го ослободи од секој стрес, а Бигфут уживаше во пареата која имаше некој вошебен мирис.
Бигфут испушти долг здив и почувствува како секој мускул да му се ослободи. Тој се насмевна и, воден од среќа, запеа во тивка хармонија со шумата.
Токму кога почна да потонува во длабока релаксација, од темниот агол на пештерата се слушна „клок-клок-клок“. Од таму излезе група жаби – не било какви, туку планински хор жаби што решија баш тука да одржат проба за својот ноќен концерт. Со длабоки гласови почнаа да кркаат во различни тонови, како џез-бенд без диригент.
Бигфут прво се обиде да ги игнорира, но кога една жаба му скокна на коленото и почна да „диригира“ со нозете, тој сфати дека неговата СПА не е приватна.
Веќе сонцето почнуваше да заоѓа и да се стемнува па Бигфут реши да ги остави жабите да си вежбаат на мира и излезе од пештерата. Секој чекор му беше полесен и со топла насмевка – тој сфати дека понекогаш најдобриот лек е едноставно добро опуштање.
Си вети дека ќе ја повторува оваа рутина често, но дека ќе ја почитува и приватноста на другите гости во пештерата.
Заклучок
Во свет полн со трчање и бучава, најдобриот лек е да се сопреш и да си подариш миг на тишина и малку одмор.
Не секогаш треба да бараш чудо или вештачки лекарства – понекогаш доволно е топла вода, малку мир и да дозволиш телото само да се излечи.



