5 Најдобри Шумски Дрва За Филмска Фото-Позадина

Слични постови

Во денешно време кога сите трчаат по филтри и ефекти, Бигфут си знае – најдобрата позадина е онаа што ја создава самата планина Галичица. 

За негова среќа, пред некое време пронашол изгубен iPhone со неограничен 5G интернет. Си направил и selfie stick од падната гранка, а батеријата ја полни со соларен панел кој сам си го склопи од делови на стари туристички ранци.

Така, еден сончев ден, реши да организира свој приватен „фото-тур“ низ шумата – инфлуенсерска тура, ама во шумски стил за да ги најде најдобрите дрва за фото-позадина..

1. Величествениот бор

Прв го забележа еден стар бор што се извисуваше кон облаците како чувар на планината. Бигфут си рече: „Ова ќе биде совршена сцена, со небото како зад мене!

Го намести selfie stick-от, ја вклучи ултра-широката камера и почна да прави серија слики со најразлични филтри –  од „Forest Glow“ до „Mountain Vintage“. 

Оваа слика одлучи да ја стави некогаш на Инстаграм и да стави опис: „Кога боровите се повисоки од твојата самодоверба.“

2. Црвениот даб

Во длабоката шума го најде црвениот даб со густи зелени лисја – контраст што изгледаше како природен Photoshop.

Твојот контраст ќе ја направи мојата слика волшебна,“ му прошепоти и се намести со поза како да снима нов Marvel постер.

Со три клика веќе имаше цела галерија. Веќе смисли и хаштагови за кога ќе ја постира на Инстаграм: #BezFilter #SumskiFilter

3. Огнениот јавор

Третото дрво – јавор со огнено црвени листови. Тука Бигфут реши да позира сериозно, како модел на есенска модна кампања.

Се исправи меѓу зелените папрати, стави очила за сонце што ги нашол кај еден шатор, се слика и смислува опис:
Кога лисјата се поголеми инфлуенсери од тебе.

4. Хармоничната бука

Четвртиот избор беше висок бука, чии стебла личеа на храмски столбови. Бигфут долго гледаше нагоре и изјави: „Ова е позадина што зборува приказна.

Си направи неколку фотографии со slow-motion видео додека се врти околу selfie stick-от, за да изгледа како да е во музички спот.

За опис смислува: „Кога шумата те прави пофилозофски од книга што никогаш не си ја прочитал.“

5. Модрата смрека

За крај, пристигна до стара модра смрека, со гранки што изгледаа како да носат снег и во лето. Таму направи серија зимски филтри, иако беше јули. „Ова е за TikTok,“ си рече, па сними кратко видео со музика и натпис: „Смрека, ама со став.“

Заклучок

Кога се врати по својата пешачка рута, со телефонот преполн од селфија и интернетот побавен од обично (оти аплоадирал премногу на cloud), Бигфут си рече:
Најдобрата позадина е секогаш тука – природата. А сите филтри се само бонус.

Сликите може да бидат виртуелни, но вистинската убавина е онаа што ја гледаш со голо око – и што ја доживуваш со срце.

Повеќе од оваа категорија

Advertismentspot_img

Популарни постови