Утрото мирисаше на влажност – знак дека Галичица се разбудила во својата доцна есенска форма.
Бигфут, со празен стомак и полна душа, тргна во мисија: да најде нешто за доручек. Но не било каква храна – туку печурки, оние сочни, месести и ароматични печурки, што растат под специјален вид на мов и секогаш ја исполнуваат душата.
Така почнува неговата авантура низ еден влажно-миризлив рид над Велестово значително подалеку од љуѓето, каде што слушнал дека секој втор камен крие печурка, а секоја печурка крие дилема: „Дали оваа се јаде или ќе те натера да заглавиш во полското WC?“
Бигфут знаеше само едно правило – ако печурката изгледа премногу шарено и со точки, остави ја за инсектите, особено ако мириса на мувла или расипан кромид. Ако личи на лажна смоква – пази да не е сапун паднат од некој туристички ранец.
Со кошничка направена од стари гранки и ластик од чорап, Бигфут собираше само по еден примерок од преубавите миризливи печурки. Шампињони, лисичарки, вргањ, сите која од која поубави.

Со секој нов чекор Бигфут навлегуваше подлабоко во кралството на печурките и таму – сред лишаи, мов и расфрлани лисја – открива еден своевиден „трон од печурки“.
Цело мало ритче покриено со печурки распоредени толку совршено, што изгледаа како некој шумски декоратор да го уредувал просторот. „Ова не е случајно“, прошепоти Бигфут. Се наведна. Ги набљудуваше. И во тој момент… сфати.
Ова не беше кралство во буквална смисла, туку систем. Печурките не беа само храна, тие беа шумска валута (или крипто-валута во поново време). Видовите беа строго организирани – по боја и по мирис. Како некој невидлив шеф да дал наредба: „Кафеавите лево, шолтите десно, белите во центар, отровните далеку од шумските животни.“
Наместо да бере лакомо без ред, Бигфут прво реши само да набљудува. Како некој што не сака да наруши уреден свет. Се седи и размислува: колку нешта во природата се поорганизирани од луѓето долу?
Одеднаш зачу некој шум. Мал еж поминуваше низ печурковата зона, со муцката високо крената – можеби и тој доаѓаше на пазар. Бигфут се насмевна и рече:
„Кога ќе имаш систем, дури и ежовите ќе те почитуваат.“
Бигфут стоеше таму, во тишината што се создаде кога ежот помина и исчезна помеѓу лисјата. Кошничката му беше полна само со неколку поголеми печурки – не ги собра сите иако беше многу гладен.
Избра само оние што личеа безбедно и мисираа пријатно, ги проучи внимателно и ги остави оние што му делуваа сомнително – со точки и оние кои мирисаа лошо.
Како што се враќаше низ шумата, сонцето почна да ги заоѓа, а ветровите шепотеа низ гранките. Сфати дека не секоја убавина е за тебе, и дека не е потребно да собереш сè што ќе најдеш. Доволно е да знаеш дека си бил внимателен и дека си ги следел шумските правила.
Кога стигна дома, ја истури кошничката, ги исчисти печурките и ги направи едноставен доручек надвор на логорскиот оган – само едноставно зготвени печурки, со малку масло и сол.
Мирисот како да ја разбуди шумата. Со првиот залак, почувствува дека гладта не е само на телото, туку и на душата – гладта за едноставност, за вистински вкус и за мирот што доаѓа кога знаеш што правиш.
Заклучок
Бигфут сфати дека најважно правило кај печурките е истото што важи и во животот – не се што е убаво и вкусно е добро за тебе. А вистинската мудрост е да знаеш кога да земеш, а кога да оставиш.
Печурките го научија Бигфут на една едноставна вистина – во природата постои систем, ред и правила кои треба да се почитуваат. А таму долу, кај луѓето, често најмногу недостига баш тоа.




